За нас

Здружението на граѓани Уан Веј е непрофитабилна, невладина организација на полето на уметноста, уметноста на улична култура и едукација во Република Македонија, на Балканскиот регион и пошироко. Од 2012 година организацијата ТЕМОВ, стана партнер во фестивалската организација.

Организацијата е основана како резултат на 35 годишното искуство на Пане Темов (www.panepuppeteer.com) и самиот уличен настапувач и продуцент, кој има настапувано на фестивали и кабареа низ целиот свет.

Организациониот тим се состои од неколку постојани члена:

  • Фимка Шопова – Темова – менаџер на фестивалот и ко-сопственик со Пане Темов;
  • Сандра Темова – нов менаџер на фестивалот и ПР односи;
  • Горан Трајчевски – логистика и кординација.

За фестивалот

Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, и започнувајќи од 2006 Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал. БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Дебито на Баскерфест се случи во 2006 година и се покажа како успешно заокружување, со програма во која беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери. Оваа традиција продолжува секоја година со сѐ повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија,Боливија и други земји.

Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда за својата публика: десет дена целосно исполнeти со исклучително фестивалско искуство и слобода на сосема нов начин, атракција под отворено небо која преќу ноќ го претвора Скопје во „street art“ град на забавата наречен Баскерфест. Баскер ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо, но и со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници!

На наше задоволство, Баскерфест е добитник на македонските “Superbrands” награди за 2011/12 и низ годините прерасна во претставителен културен бренд на Македонија, со повеќе од 100 уметници од целиот свет пред повеќе од 100.000 посетители секоја година!

Новиот предизвик доаѓа со дел од најатрактивните светски „street“ уметници подготвени да не забавуваат и воодушеват со фантастичните настапи. Баскер е подготвен за нови уживања во спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти. Пред вас е големиот настан за целото семејство, кој ги поврзува луѓето од сите возрасти, па без разлика на сѐ, бидете сигурни дека не смеете да го пропуштите најспектакуларниот фестивал на годината.

Добредојдовте на Баскерфест, наскоро, низ цела Македонија! Подгответе се за визуелно и аудио „street“ шоу кое со сигурност ќе ве восхити.

Facebook

 

добивај новости

 

Запишете се за добивање на новости на вашата емаил адреса во полето подолу: