Диого Алварес

Диого Алварес е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговото шоу се одвива без зборување, со музичка позадина каде тој ја привлекува својата публика со различни манипулациски вештини со карти, билијардски топчиња, цигари и многу други едноставни предмети.

Тој има настапувано на учични фестивали низ целиот свет, а исто така има учествувано во неколку телевизиски емисии. Иако имал можност да настапува во кабареа, циркуси и приватни забави, тој најмногу среќа нашол учествувајќи на уличните фестивали. Неговото најново шоу „Лице в лице“ се одвува од 10 до 30 минути, со зборување или во тотална тишина. Диого може да се прилагоди кон својата публика вклучувајќи магија од блиску, односно лице в лице.

Видео

Facebook

 

добивај новости

 

Запишете се за добивање на новости на вашата емаил адреса во полето подолу: